24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Мекларен повторно на погон на Мерцедес

Болидите на Мекларен тимот од 2021 година повторно ќе возат со мотори на Мерцедес. Веста ја соопшти сопственикот на британскиот Формула 1 тим, Зек Браун. Мекларен и Мерцедес соработуваа од 1995  до 2014 година, а потоа посегнаа по агрегатите на Хонда, соработка која се прекина во 2017 година и од тогаш Мекларен вози со мотори на Рено.

Почнувајќи од 2021 година, на седумгодишната пауза ќе му дојде крајот, а Мекларен планира со моторите на Мерцедес повторно да се наметне меѓу најквалитетните тимови во Формула 1.

„Новиот договор со Мерцедес е важен чекор за нас кон враќањето на врвот. Мерцедес е лидер и како тим и како погонски агрегат, така што овој потег беше сосема логичен за нас.

Претходната соработка меѓу Мекларен и Мерцедес носеше  големи успеси во првата деценија од 21 век. Мика Хакинен и Луис Хамилтон со тие болиди станаа светски шампиони. Инаку, актуелни управувачи со болидите на Мекларен се Карлос Сајнц и Ландо Норис.

- Оглас -

Најнови вести