Мексикански деликатес е волејот на Ибањес (видео)

Атлетико Сан Луис ја оствари првата победа по четири кола во мексиканскиот шампионат, со 2-0 славеше на гости кај Тихуана. Најава за освојувањето на трите бода од страна на гостите беше фантастичниот погодок на Николас Ибањес во 25-тата минута.

Аргентинецот го проследи проигрувањето и од прва шутна волеј од десниот агол на шестнаесетникот, доста незгодна позиција, меѓутоа Ибањес точно го погодои слободниот простор под гредата.

- Оглас -

Најнови вести