Мексиканците прво го исфрлија Меси од Конкакаф Лигатата на шампионите, а потоа го испровоцираа со објавата на социјалните мрежи (Фото)

Лионел Меси и неговиот Интер Мајами се елиминирани од Конкакаф Лигата на шампионите, а сол на раната на Аргентинецот дополнително стави тимот кој ги елиминира со провокативна објава на социјалните мрежи.

Интер Мајами утринава е поразен со 3:1 од мексиканскиот тим Монтереј, кој славеше и на првиот меч со 2:1 и со вкупни 5:2 се пласира во следната рунда.

Монтереј во реваншот поведе со голот на Брендон Васкес во 31-вата минута, а дилемите околу победникот и патникот во полуфиналето во Конкакаф Лигата на шампионите беа решени меѓу 58-мата и 64-тата минута. Мексиканскиот тим постигна два гола преку Херман Бертерам и Хесус Гаљардо за убедливи 3:0 и заверка на пласманот во полуфиналето.

https://twitter.com/i/status/1778278475821949305

 

Во финишот од мечот, Интер Мајами го ублажи поразот со голот на Диего Гомес по асистенција на Меси.

По мечот, Монтереј со објавата на социјалните мрежи дополнително го испровоцира Меси. Имено, на официјалниот профил на Икс објавија кратка порака која е синоним за најголемиот ривал на Аргентинецот, Кристијано Роналдо. Во пораката пишуваше „СИУУУ“, алудирајќи на прославата на головите на Португалецот.

Навивачите на Монтереј во текот на мечот, пак, го провоцираа Меси извикувајќи Кристијано Роналдо.

 

Противник на Монтереј во полуфиналето на елитното клупско натпреварување во Северна и Средна Америка ќе биде уште еден тим од САД, Колумбус кру, додека во второто полуфинале ќе има мексиканска пресметка меѓу Пачука и Клуб Америка.

- Оглас -

Најнови вести