Мексико ја торпедираше Јужна Кореја, и испрати порака до Бразил

Мексико – Бразил е второто полуфинале на олимпискиот турнир во фудбал за мажи. Овие две селекции на различен начин дојдоа до полуфиналето. Мексиканците со спектакуларни 6-3 ја поразија Јужна Кореја, додека Бразилците со 1-0, со гол на Матеуш Куња беа подобри од Египет.

Мексиканците во двете полувремиња против Кореја даваа по три гола. Мартин и Кордова дадоа по два погодоци и беа предводници на Мексико кој на ЛОИ загуби само од Јапонија, но на сите други мечеви победуваше и даваше барем по три гола.

Другото полуфинале е Јапонија – Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести