Мексико и Еквадор требаше да бидат фаворити за освојување на првите две места во Б групата, но една од овие селекции ќе мора да го заврши настапот на Копа Америка по првите три одиграни кола.
Венецуела е пријатното изненадување кое со шест бода има сигурно место во следната фаза, откако ги победи и Мексико и Еквадор, па сега само рутински треба да стави печат на добрата игра и против Јамајка.
Еквадор и Мексико имаат по три бода, но Еквадор е втор поради подобрата гол-разлика што значи дека на нив доволно им е да одиграат и нерешено. Мексико нема што веќе да калкулира и мора да брка триумф. Во последните 10 години овие селекции играле пет пат и двете имаат по две победи, а еден меч завршил без победник.