Мексико по деветти пат ќе игра финале на Голд купот (видео)

Мексико по деветти пат ќе се бори за титулата на Голд купот откако во полуфиналниот дуел против Хаити славеше со минимални 1-0 по 120 минути игра. Погодокот за победа го постигна Раул Хименес од белата точка во третата минута од дополнителните 30.

Мексиканците сосема заслужено се во финалето бидејќи доминираа во текот на целата средба. Дури 27 пати се заканија кон голот на Хаити, а имаа и огромен посед на топката од 70%.

Мексико во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу бранителот САД и финалистот од 2015 и 2017 година, Јамајка, а и против двете селекции досега не загубиле во финалето. Американците ги совладале во сите четири финални средби, додека против Јамајка пред четири години ја освоија осмата и последна круна на Голд купот со триумф од 3-1.

https://www.youtube.com/watch?v=lzd7BBBkh3A

- Оглас -

Најнови вести