Мексико сити очекува НБА-спектакл од Детроит и Далас

Сан Антонио – Кливленд кавалирс (НБА, 02.30 часот)

Кливленд е во слободен пад и има исклучително лоша сезона. Коњаницата од Кливленд нанижа 8 порази по ред и го дели последното место во Лигата со Голден стејт вориорс и со Њујорк никс.

За тим што ги има во своите редови Кевин Лав, Тристан Томпсон, Осман, Секстон… билансот од 5 победи и 19 порази е катастрофален.

Проблем за нив е што имаа долга серија порази и во меѓусебните дуели со Сан Антонио, а загубија 7 пати по ред. И Мамузите од Тексас не можат да бидат задоволни со билансот од 9 победи и 14 порази, а ноќеска имаат убава шанса да запишат десетка.

Демар де Розан и Ламаркус Олдрич одиграа солидно на последните два меча што Сан Антонио ги доби во продолжение против Хјустон и Сакраменто. Тоа е добар поттик за трета победа по ред.

Предлог тип: 1-1 (1.50)

 

Детроит пистонс – Далас маверикс (НБА, 03 часот)

Мексико сити е подготвен за НБА-спектакл и дуел меѓу Детроит и Далас. Мечот ќе се игра во арената што има капацитет од 22 илјади места.

Детроит и Далас ќе треба да се потрудат со добра кошарка да го потврдат имиџот на НБА во Мексико, каде што екипите од најсилната лига на светот имаат многу симпатизери.

Пистонс ја подобрија формата, а голем поттик за нив е враќањето на паркетот на Блејк Грифин. Имаат 4 победи на последните пет меча и се кандидати за плејоф. Особено ќе бидат незгодни кога на теренот ќе се врати и повредениот бек Реџи Џексон.

И Далас има 4 победи на последните пет меча, или 8 на последните 10, што е потврда дека Дончиќ, Порзингис, Хардавеј јуниор и останатите играчи на Маверикс се во топ-форма.

Далас е фаворит, но овде заради карактерот на мечот и настапот во Мексико очекуваме да се игра брза и атрактивна кошарка и ќе типуваме на плус поени.

Предлог тип: >219.5 поени (1.85)

 

Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс (НБА, 04.30 часот)

Денвер води со 1:0 во меѓусебните натпревари со Портланд, но сè уште ги пече елиминацијата од ланскиот плејоф, кога во седмиот меч загубија дома со 100:96 и испаднаа во четврт-финалето на Западот.

Пред нецели два месеци Нагетс се реваншираа со триумф од 108:100, и тоа во Портланд, но ноќеска атмосферата ќе биде специјална за Јокиќ и соиграчите во обид повторно да се победи Портланд.

Гостин во „Пепси центарот“ по долг период ќе биде нивната поранешна ѕвезда Кармело Ентони, овојпат како играч на пионерите од Портланд. Ентони ја почна кариерата во Денвер и играше за Нагетс од 2003 до 2011 година.

Овие дуели се скогаш интересни, се работи за големи ривали во Западната конференција, но Денвер е во подобра форма и ќе типуваме дека ќе води со 2:0 против Портланд во меѓусебните дуели во актуелната сезона.

Предлог тип: 1 со хендикеп од 5.5 поени (1.83)

 

Детроит редвингс – Винипег џетс (НХЛ, 01.30 часот)

Ова е римеч од дуелот што двете екипи го одиграа завчера, а Винипег славеше убедливо со 5:1. Тој меч се играше во Канада, а сега на ред е домаќин да биде Детроит во „Литл Цезар“ арената.

Редвингс се далеку од некогашниот сјај, кога беа екипа што „дрмаше“ во НХЛ-лигата, и моментно е клубот со најлош ефект во најсилната хокеарска лига. Имаат неверојатни 12 порази по ред, што е црн рекорд во клупската историја.

Винипег е еден од кандидатите и за титулата, иако е рано за прогнози, но Шифеле, Лејн, Конор, Вилер…. најавуваат дека се подготвени за високи дострели. Моментно Винипег е на третата позиција во Западната конференција, а според формата што ја прикажуваат во последните 10 меча, заедно со Колорадо се на врвот со по 11 победи и 4 порази.

Џетс имаат подобар тим, многу подобра атмосфера и ќе типуваме дека ќе победат.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

Сан Хозе шаркс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 04.30 часот)

Ајкулите од Сан Хозе се едно од најголемите разочарувања во досегашниот дел од сезоната во НХЛ-лигата. Тимот што има НХЛ ѕвезди од калибарот на Кучур, Кејн, Марло, Торнтон, Влашиќ…. го има четвртиот најлош биланс во Западната конференција. Нанижаа пет порази по ред, што е катастрофален ефект за екипа од која се очекуваше да биде една од најдобрите во регуларниот дел. Време за корекции има, но треба да се прекине најпрво серијата од пет неуспеси, а на гости им доаѓаат незгодните Ренџери од Њујорк.

Гостите се во добра форма и според учинокот во последните 15 рунди се тим од плејоф калибар. Интересно е што дури три од последните пет меѓусебни дуели на Сан Хозе и Њујорк ренџерс завршија нерешено во регуларниот дел, па можно е да има ново реми или решението за победникот да падна во продолженија или на пенали.

Предлог тип: Х (4.15)

 

- Оглас -

Најнови вести