27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Мелем за очи за сите што навиваат за Вардар, победничко селфи од Битола (Фото)

Вардар 1961 по мај 2022 победи во Битола против ривалот Еурофарм Пелистер, а вечерашниот триумф е посебно значаен затоа што скопските Црвено-црни го презедоа првото место на табелата и во последното коло играат дома со актуелниот првак во меч кој веројатно ќе го одлучи шампионот.

Радоста кај навивачите, ракометарите, стручниот штаб и сите на коишто Вардар им е во срце беше разбирлива, а победата беше прославена и со селфи во салата на ривалот на коешто се и Комитите кои отпатуваа во Градот на конзулите да му дадат поддршка на црвено-црниот тим.

.

 

- Оглас -

Најнови вести