Мело погоди винер, Портланд со пресврт против шампионот (видео)

Портланд дојде до голема победа на гостувањето кај актуелниот првак Торонто репторс со минимални 101:99. Блејзерси во финишот од средбата го остварија пресвртот откако беа во негатива цел меч, а со серијата од 7-0, која ја направија Лилард и Ентони, им го нанесоа 13-тиот овосезонски пораз на Рептилите.

Торонто од старт го имаше резултатот во своја корист, а во неколку наврати имаше и +14. Двоцифрената разлика почна да се топи во последната делница, па во последните 90 секунди домаќините влегоа со четири поени предност. Од тој момент ѕвездите на Портланд се разиграа, односно ја презедоа одговорноста – Лилард нанижа пет поени за израмнување, а Ентони го погоди клучниот шут на 3,3 секунди до крај за конечни 101:99.

Токму популарниот Мело беше најефикасен на средбата со 28 поени и 7 скока, го следеше Лилард со 20 поени и остана за една асистенција краток да оствари дабл-дабл. На другата страна, искусниот Лаури реализира дабл-дабл од 24 поени и 10 скока.

Останати резултати:

Кливленд – Детроит 113:115, Бруклин – Оклахома 103:111, Мемфис – Минесота 119:112, Феникс – Сакраменто 103:114, Ла лејкерс – Њујорк 117:87.

- Оглас -

Најнови вести