Мело уште не е за старо железо: Го прогласија за играч на неделата на Западот

Кармело Ентони е избран за најдобар кошаркар во Западната конференција од НБА-лигата за изминатата недела. Ветеранот на Портланд за првпат по три години го добива ова признание, а го доби во најдобар можен момент и може многу да му помогне да си ја крене самодовербата знаејќи во каква ситуација се наоѓаше во изминатиов период.

Популарниот Мело потпиша со Портланд по долгата потрага по нов клуб, а стартот на кариерата со Блејзерс не се одвиваше според планот. Сепак, екскошаркарот на Денвер и Њујорк се пронајде и му помогна на тимот да оствари три последователни победи – двапати против Чикаго и против Оклахома. Во тие средби Ентони забележа просек од 22,3 поени, 7,7 скока и 2,7 асистенции.

Во Источната конференција, Јанис Адетокумбо е играчот кој остави најдобар впечаток во претходните седум дена.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1201594457461862403?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1201594457461862403&ref_url=https%3A%2F%2Fbleacherreport.com%2Fnba

- Оглас -

Најнови вести