Мемфис Депај јавно проговори за Менди: “И што сега? Кој ќе му го врати животот, кариерата? Кој ќе одговара за ова?“

Бенџамин Менди после две години поминати во притвор поради обвинение за силување кое наводно се случило во 2021-вата година, е прогласен за невин и од вчера е слободен човек.

Тој имаше договор со Манчестер Сити до 30-ти јуни оваа година и сега треба да одлучи дали воопшто ќе ја продолжи кариерата, откако две години беше надвор од фудбалските терени, а во 2018-тата година беше дел од репрезентацијата на Франција која го освои Светсото првенство во Русија.

Репрезентативецот на Холандија, Мемфис Депај, јавно проговори околу тоа што му се случуваше на Менди и постави неколку реторички прашања, на кои тешко дека некој има одговор.

– “Сите обвиненија се отфрлени и што сега? Кој сега ќе му помогне да ги залечи раните? Кој ќе одговара за направената штета и извалканата чест? Кој ќе му ја врати кариерата? Потребни се многу години за да се стане професионалец, и што сега? Никогаш не сакав да коментирам на оваа тема, бидејќи не ги знаев сите детали, но разговарав со него додека беше во притвор, но и играв против него. Не видов зло во очите на овој човек. Не смееме да дозволиме вакви работи да ни се случуваат на нас спортистите. Кој ќе застане до нас кога ќе ни биде потребно и кога веќе штетата е направена? Луѓе не ја вртете главата.“ – порача Мемфис Депај на социјалните мрежи во знак на поддршка на французинот.

Бенџамин Менди во 2017-тата година пристигна во Манчестер Сити од Монако за 60 милиони евра, а претходно играше и за Марсеј и Ле Авр.

- Оглас -

Најнови вести