Мемфис ги испрати дома Кари и Голден стејт (Видео)

Мемфис гризлис го победи Голден стејт вориорс со 117-112 во решавачкиот плеј-ин меч за осмото место на Западот, а победникот беше одлучен во продолжението од пет минути. Џа Морант со кош на 4,5 секунди до крајот кога на својот тим му донесе предност од 114-109, беше јунак на средбата. За Вориорс сезоната е завршена.

Морант даде 35 поени, од кои 15 во последната четвртина и екстра периодот. Кај Воините, Стеф Кари уфрли 39 поени, но тоа не беше доволно за победа неговиот тим, па Мемфис е тој што оди на мегдан со Јута џез во првото коло на плејофот.

Екипата на Мемфис има просечна возраст од 24,3 години по играч, и тие се најмлад состав во НБА плејофот уште од Оклахома Сити тандер од 2010/2011.

Погледнете ја завршницата на мечот:

https://www.youtube.com/watch?v=FTBkjFgxdL4

- Оглас -

Најнови вести