Менаџерот на Шумахер гневен: Семејството ме лаже цели 10 години

Легендарниот Михаел Шумахер веќе со години е во вегетативна состојба по тешката несреќа при скијање, во која се здоби со сериозна повреда на главата. Извесно време беше во кома, додека неговото семејство настојува што е можно повеќе да ја задржи приватноста и да не открива многу детали околу неговата состојба.

Поради тоа гневен е неговиот поранешен менаџер Вили Вебер, со кого Шумахер соработуваше цела кариера и се блиски пријатели.

„Цели 10 години ме лажат, не ми кажуваат ништо што се случува со Михаел. Многу ме боли што ми одбиваат повици, а кога ќе успеам да ги добијам, сопругата Корина цело време ми вели дека е рано да го видам Михаел или пак да дознаам нешто повеќе. Потполно ме оттргнаа од него. Дури и преку Жан Тод се обидов да добијам дозвола да го посетам во болница, но залудно. Поминаа 10 години, можеби е време да ми кажат како стојат работите, но сметам дека сега веќе е доцна. Михаел ми е како син, оваа тема е премногу болна за мене“, истакна Вебер.

 

- Оглас -

Најнови вести