Менди ги збуни редарите, мислеа дека е Џими џамп (Видео)

Левиот бек на Манчестер сити, Бенџамин Менди, не можеше да се воздржи од радост по победата над Ливерпул, па веднаш по последниот судиски свиреж, влета на теренот да слави со клупските колеги. Но, бидејќи е повреден и не играше, беше во портокалова јакна, бели фармерки и со капа на главата, па кога влезе на теренот, редарите тргнаа кон него мислејќи дека е навивач, во стилот на најпознатиот „влегувач на теренот“, Каталонецот Џими Џамп.

Менди го прегрна Серхио Агуеро, а редарите кои беа подготвени да го изнесат надвор од теренот и да го предадат на полиција, брзо сфатија дека не станува збор за навивач, туку за играч на Сити, па продолжија да трчаат кон судиите за да ги испратат како што е протоколот.

Менди прокоментира дека редарите планирале да му направат „лизгачки старт“, што ќе беше уште посмешно за гледање, но така можеа и да ја влошат повредата која ја има.

Погледнете снимка од кратката бркотница по теренот:

- Оглас -

Најнови вести