Менди ќе биде зад решетки до јануари, а проблемите допрва му почнуваат

Бенџамин Менди не доби дозвола со кауција да биде ослободен од притвор и ќе остане зад решетки до 24. јануари кога ќе почне судскиот процес против него за четири силувања и уште едно сексуално малтреирање.

Дефанзивецот е суспендиран и во својот клуб Манчестер сити, а допрва го чекаат проблемите. Францускиот фудбалер силувал четири различни девојки, од кои едната имала 18 години, а последниот грозомерен чин се случил минатиот месец.

Секако ова е според поднесеното обвинение што треба да се докаже на суд. Со Менди беше уапсен уште еден човек, но тој е пуштен со кауција да се брани од слобода.

Ако се потврди на суд дека е виновен 27-годишниот фудбалер го очекува повеќегодишна казна што може да значи и крај на фудбалската кариера.

Менди одигра 10 меча за француската репрезентација и беше член на составот што победи на Светското првенство во Русија во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести