Мераклија за кафеана – Играше за великан, ја освои и Лигата на Европа, а на 32 години е буцко (ФОТО)

Ако Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс, Том Брејди се спортисти за пример, секогаш ќе се најде некој отспротива. Некој што бил талент, има добра кариера, па почнува да се „запустува“.

Таква е и ситуацијата со Валтер, некогашниот играч на Порто кој со овој тим ја освои Лигата на Европа и шампионатот на Португалија. Бразилецот беше член на португалскиот великан дури девет години, од кои најмногу беше активен во првите три, а потоа заминуваше на позајмица.

Сега, на 32 години, е дел од бразилската серија Лига Д, каде што игра за тимот на Амазонаса и во неколку наврати се пожали дека не може да го даде максимумот на терен поради влажноста на воздухот. Кога ќе ги погледнете сликите, јасно е дека воздухот е најмал, а најголем проблем е идењето по кафеани.

- Оглас -

Најнови вести