Мерино се повреди на првиот тренинг, му претстои неколкунеделна пауза

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Микел Мерино ќе мора да почека за своето деби. Шпанскиот стручњак потврди дека неговиот сонародник се здобил со незгодна повреда на рамото и ќе мора да паузира неколку недели.

„Микел заработи незгодна повреда на рамото и изгледа дека ќе мора да паузира неколку недели. Падна на земја, а потоа Габриел падна врз него. Веројатно има мала скршеница. Тој имаше многу болки, мора да почекаме и да направиме уште неколку тестови“, изјави Артета.

Шпанецот во вторникот го комплетира трансферот од Реал Сосиедад за 31,6 милиони фунти.

Мерино посакуваше да дебитира утре, а на првиот тренинг со својот нов клуб се судрил со соиграч и тоа резултирало со „мала скршеница“, која ќе го оддалечи од терените неколку недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести