Мерките применети и во резултатот: Дортмунд покажа како се држи социјална дистанца на терен

Борусија Дортмунд не можеше да посака подобар почеток на остатокот од сезоната, Милионерите на сцената се вратија со убедливи 4-0 против Шалке во дербито од 26-тото коло. Тимот на Лусиен Фавр предводен од расположените Халанд и Гереиро го потопија ривалот и воедно покажаа дека и на терен, а и во резултатот се држат до мерките за сицијална дистанца.

Халанд отвори по точно половина час, а пред паузата зголеми Гереиро. Вториот дел исто така припадна на домаќините, а по голот на Азар, португалското крило уште еднаш ја затресе мрежата на гостите, па така Дортмунд веќе по еден час игра ги осигура трите бода.

Дортмунд со овој триумф дојде на еден бод заостаток од лидерот Баерн на табелата, кој пак утре официјално ќе продолжи со сезоната. Голема улога одигра и Фрајбург во корист на тимот од „Вестфален“, кој изненади на гости кај Лајпциг со реми 1-1. Гостире постигнаа погодок во судиското надополнување, но беше поништен со помош на ВАР системот поради офсајд  Волфсбург триумфираше со 2-1 кај Аугзбург, Херта со 3-0 помина сигурно на гостувањето кај Хофенхајм, додека без голови одиграа Фортуна Д. и Падерборн.

За околу еден час ќе започне последниот меч за денес, Ајнтрах го пречекува Менхенгладбах, додека пак за утре се предвидени дуелите Келн – Мајнц (15:30ч) и Унион Берлин – Баерн Минхен (18.30ч).

- Оглас -

Најнови вести