Мерола за мерак, гол со петица за „Пушкаш“ (Видео)

Давиде Мерола го потврди талентот, според кој му најавуваат одлична кариера, а неговиот гол со петица против Ерменија може слободно да конкурира за наградата „Пушкаш“, односно за најубав гол на годината.

Играчот на Интер одлично реагираше во 32-рата минута и со петица без да гледа кон голот на Мелконјан ја затресе мрежата на Ерменците.

Италија по првото полувреме ја оправдува улогата фаворит против Ерменија и води со 3:0. Првиот меч на шампионатот во силната група А „аѕурите“ го загубија од Португалија со 0:3. Во групата е уште и Шпанија, а првите две селекции одат понатаму на ЕП за играчи до 19 години.

https://streamable.com/jxyxo

- Оглас -

Најнови вести