Офанзивецот на Наполи, Дрис Мертенс, го отвори резултатот во дербито против Јувентус, но двојниот стрелец Манџукиќ и Бонучи донесоа голем триумф од 3-1 за „старата дама“.
„На стартот од средбата игравме многу добро, ја искористивме првата шанса и постигнавме гол. Но, Јуве покажа што значи да се има искуство во вакви ситуации, се вратија од негативата и целосно го контролираа мечот. Ние можеме само да жалиме што не ги искористивме приликите да израмниме, иако на теренот останавме со играч помалку. Сѐ уште е рано да се предвидува каков ќе биде крајот на овогодинешниот шампионат, нам ни преостанува да продолжиме да прикажуваме добра игра, како што правевме во изминатиов период“, посочи Мертенс.
Наполи во следното коло го пречекува Сасуоло, додека Јувентус гостува кај Удинезе во рамките од осмото коло во Серија А.