Мерцедес доцна се разбуди, Расел и Хамилтон најдобри на спринт трката на Интерлагос

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел славеше на квалификациската спринт трка во Формула 1 за Големата награда на Бразил.

Расел победи на трката што се возеше на патеката „Интерлагос“ пред својот клупски колега Луис Хамилтон, па на неделната трка која започнува од 19 часот, ќе ја има пол-позицијата.

Хамилтон „скокна“ на второто место по казната што ја заработи Карлос Саинс со назадување за пет позиции. Со победата, Расел ја прекина серијата на актуелниот шампион Макс Ферстапен кој победи на претходните две спринт трки.

Возачот на Ред Бул го освои четвртото место во Бразил, пред тимскиот колега Серхио Перес, но поради казната на Саинс, двајцата ќе се најдат во вториот стартен ред.

- Оглас -

Најнови вести