Мерцедес и Ботас се договорија за нова соработка

Валтери Ботас се согласи да потпише нов договор со Мерцедес со кој ќе се задржи во германскиот тим на Формула 1 до 2021 година. Финскиот возач влезе во последната година од договорот, но и во иднина ќе му биде тимски колега на светскиот првак Луис Хамилтон.

Новата соработка ја потврди извршниот директор на Мерцедес Ола Калениус, кој присуствуваше на првото Гран при сезонава кое се одржа во Австрија и го освои токму Ботас.

„Ќе ги задржиме и двајцата возачи“, истакна Калениус, нагласувајќи дека наскоро ќе се потпишува нов договор и со бранителот на светската титула, Луис Хамилтон, кој исто така влезе во последната година од договорот.

Мерцедес по две трки во новата сезона брои исто толку победи, една на Ботас и една на Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести