Мерцедес ќе го претстави новиот Ф1 болид со кој Хамилтон ќе вози за рекордна осма титула (ФОТО)

Изминативе неколку дена Формула 1 тимовите ги претставуваат новите болиди пред почетокот на новата сезона.

Денеска тна ред ќе биде Мерцедес, кој ќе го претстави моделот В13, којшто ќе биде возен од Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Воедно, Хамилтон за првпат ќе се појави во јавноста по сето тоа што се случуваше во последната трка на патеката „Јас марина“ во Абу Даби.

Мерцедес е актуелен првак кај конструкторите, додека нивен најголем ривал ќе биде Ред Бул, кој со Макс Ферстапен и Себастијан Перез ќе се обидат и во оваа сезона да го запрат Британецот за да дојде до рекордната осма Ф1 титула.

Почетокот на сезоната е закажан за 20 март, а ќе се вози трката за Големата награда на Бахреин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести