Мерцедесите лошо почнаа, ама добро завршија во Португалија

Нова „еден-два“ победа за екипата на Мерцедес во Формула 1 шампионатот. На денешната трка за Големата награда на Португалија, триумфираше Луис Хамилтон, пред клупскиот колега Валтери Ботас. За Британецот Хамилтон ова е 92-ра победа во кариерата, со што сам го презеде првото место на вечната листа во овој спорт.

Толку голем број на победи во Формула 1 немал ниту еден друг пилот во историјата, и се чини дека ова е рекорд кој уште многу долго ќе опстојува, особено што Хамилтон уште е активен, има најдобар болид и може да се очекува да стане првиот и со 100 победи. Зад него на вечната листа се Михаел Шумахер со 91 победа и Себастијан Фетел со 53.

Стартот на трката беше многу интересен, Карлос Саинс имаше неверојатен почеток кога од седмо дојде до прво место, но работите брзо си дојдоа на свое место и болидите на Мерцедес покажаа дека се убедливо најдобро подготвени. Клучниот момент на трката се случи во 20-тиот круг кога Хамилтон го претекна Ботас, го презеде првото место и не го испушти до крајот.

- Оглас -

Најнови вести