Мерцедесите најбрзи кога беше најпотребно, утре ќе стартуваат од првиот ред

Луис Хамилтон по 101-ви пат во кариерата освои пол-позиција и ќе тргне од најпосакуваното место на утрешната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Унгарија. Денеска во пеколни услови (температурата на патеката беше 62 степени целзиусови), двата болиди на Мерцедес, кои ги видеа Хамилтон и Валтери Ботас, беа најбрзи и ќе стартуваат од првиот ред.

Макс Ферстапен од Ред Бул е трети, а неговиот тимски колега, Серхио Перес, беше четврти. Квалификациите ги одбележа и инцидентот на Карлос Саинс во втората квалификациска сесија.

- Оглас -

Најнови вести