Тренерот на Мајорка уште се плаши од Меси што го налути пред пола година

 

По пауза од три месеци, вечерва повторно на терен ќе истрча Лионел Меси и неговата Барселона. Каталонскиот гигант гостува кај Мајорка во меч на кој Барселона е голем фаворит. Првиот дуел на овие две екипи одигран сезонава на „Камп Ноу“ заврши со вистинска голеада, а фаворитот победи со убедливи 5:2.

Пред неколку дена се пишуваше дека Меси се жали на повреда и може да не игра, но подоцна беше потврдено дека Аргентинецот ќе биде подготвен. Лео посебно е мотивиран за дуелот против Мајорка, посебно по тоа што се случи на првиот меч, кога тренерот на Мајорка Висенте Морено влезе во вербална расправија со најголемата ѕвезда во шпанскиот фудбал.

Тој меч се играше на 7 декември, а Морено во еден момент го обвини Меси дека симулира фаул, иако повеќе од јасно беше дека прекршок постоеше. Тогаш Аргентинецот се налутил поради тоа што беше неправедно обвинет дека симулира и му оддржа лекција на противничкиот тренер. Морено се сеќава на тој момент и објаснува дека токму тој е виновен за високиот пораз од 5:2.

„Моите играчи беа лути на мене по мечот, затоа што јас го налутив Меси. Лионел Навистина беше многу лут и на полувремето му рече дека до крајот на мечот ќе ни даде седум гола. Не успеа да даде седум погодоци, но сепак постигна три гола, а ние убедливо загубивме. Без дилема тој е најдобриот фудбалер во светот. Генијалец кој постојано знае да воодушеви. Сега ќе ни биде тешко без навивачите на трибините, но ќе се обидеме да дадеме отпор на фаворитот“, вели Морено.

 

- Оглас -

Најнови вести