Меси е како Дедо Мраз, со еден гол им донесе доживотна пензија на 300 фудбалери

Лионел Меси е како Дедо Мраз за 300 сегашни и поранешни играчи, а бројката само може да расте во иднина со секој нов европски трофеј на Барселона.

По неговиот гол со глава во финалето на Лигата на шампионите во 2009 година, тогашниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, веројатно под импресии на прекрасниот потег на Аргентинецот одлучи клубот да ги наградува сите играчи што ќе освојат или освоиле европски трофеј.

Барселона ги има вкупно 12, пет во Лигата на шампионите, четири пехари се од Купот на победниците на куповите и три од Купот на Саемски градови, што значи дека околу 300 фудбалери веќе имаат право на доживотна пензија од Барселона.

Ето и Меси со по еден гол ѝ донесоа титула на Барселона во финалето во 2009 година против Манчестер јунајтед, во меч што се играше во Рим, а заврши со победа од 2:0 за Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести