Меси е најплатен фудбалер во 2020 година

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, е најплатениот фудбалер во светот за 2020 година. Според пресметките направени од реномираниот магазин „Форбс“, Меси годишно заработува 126 милиони долари. Целата кариера на Меси е во дресот на Барселона, а тој е вториот фудбалер во историјата кој може да го добие приматот на милијардер. Засега единствен милијардер во фудбалот е Кристијано Роналдо.

Токму Роналдо е на второто место на листата за најплатени во тековната година. Португалецот заработил 117 милиони долари. Трет на листата е Килијан Мбапе со заработка од 96 милиони долари. Интересно е што и ланското рангирање на „Форбс“, првите три места беа резервирани за овие тројца, и тоа по истиот редослед.

 

- Оглас -

Најнови вести