Меси е нервозен – Молчи и игра повреден

Лионел Меси и Жарарт Пике се скарани и не комуницираат меѓу себе, а според ЕСПН, една од причините за кавгата која остава трага во Барселона е и нервозата на Аргентинецот, кој се мачи со повредата на бутниот мускул.

Клупски извори за ЕСПН тврдат дека Меси не сака да мирува, односно поради повредата на Луис Суарес, одбива да мине процес на рехабилитација бидејќи не сака да го остави клубот на цедило. И додека игра, воопшто не се забележува дека го мачи повреда на бутниот мускул.

Сепак, нервоза има и кај Аргентинецот, а се наруши и атмосферата на тренинзите бидејќи шпанските медиуми објавија дека тој и Пике не зборуваат меѓу себе.

Го нема вообичаениот ритуал и мотивациски говор на двајцата искусни играчи и долгогодишни соиграчи во Барселона, што веднаш беше забележано од шпанските новинари. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести