Лионел Меси по седми пат ја доби Златната топка, односно најпрестижната награда во фудбалот.
Аргентинецот го победи Роберт Левандовски, кој според многумина, требаше токму тој да биде најдобриот бидејќи минатата година оваа манифестација беше одложена.
„Роберт, ти ја заслужи Златната топка за минатата година и тука нема дилеми.
Најдобар беше и сите се согласуваат со тоа“, изјави Меси при примањето на наградата.