Меси е трет, Кристијано втор, а кој е најбогат спортист во последната деценија?

Боксерот Флојд Мејведер е најбогатиот спортист на светот според заработката од 2010 година наваму, објави познатиот магазин „Форбс“. Американецот веќе не е активен, но додека беше, заработи речиси една милијарда долари. На второто и третото место се фудбалерите Кристијано Роналдо, односно Лионел Меси.

Мејведер во оваа неполна деценија заработил дури 915 милиони долари. Заработката на Роналдо е 800, а на Меси 750 милиони долари. Во сумата се земаат предвид парите од плати, награди, премии, бонуси и права за фотографии. Тука не се сметаат финансиските приходи кои ги земаат по завршувањето на кариерата, па затоа кај Мејведер сумата е под милијарда.

Меѓу најбогатите десетмина влегуваат уште кошаркарот Леброн Џејмс, тенисерот Роџер Федерер, голферите Тајгер Вудс и Фил Микелсен, боксерот Мани Пакјао, кошаркарот Кевин Дурант и Формула 1 пилотот Луис Хамилтон. Единствена жена во топ-40 е тенисерката Серена Вилијамс со 215 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести