Меси е убедливо најдобар стрелец за Барселона, а потоа следува господин Автогол

Лионел Меси и вечерва постави нов рекорд во Лигата на шампионите откако стана првиот фудбалер во историјата кој успеал на 15 сезони по ред да постигнува барем по еден погодок во елитната лига на УЕФА. Меси погоди во поведата против Славија Прага од 2:1.

Аргентинецот беше прецизен само по три минути игра, но домаќините успеаја да израмнат. Победата за Барселона стигна благодарение на автоголот на Петер Олајинка.

Со овој автогол само се потврди статистиката која е во последните три сезони, а е поврзана со Барселона. Лионел Меси е најдобар стрелец во ЛШ во последниве три години со 19 голови, а потоа втор на листата на стрелци е „автогол“. Вкупно седум автоголови си дале ривалите на Барсеона од сезоната 2017/18 до сега во ЛШ.

Потоа на листата следува Луис Суарес со 4 гола, колку што има и Дембеле. Интересно е што Суарес повеќе од четири години нема дадено гол во ЛШ на гостински терен, а токму Олајинка спречи вечерва Суарес да се радува бидејќи Уругваецот биеше, топката го закачи играчот на Славија и заврши во мрежата на домаќините.

https://youtu.be/UZSBbN47470

 

- Оглас -

Најнови вести