Меси го бендиса дресот на Флуминенсе

Членовите на аргентинскиот национален тим, добија подароци од бразилскиот клуб Флуминенсе, и тоа дресови од популарниот Флу со презимињата и бројките кои „гаучосите“ ги носат во репрезентацијата. Така, Лионел Меси си зеде дрес со бројот 10.

Флуминенсе со ова им се заблагодари на Аргентинците што го одбрале нивниот тренинг центар за место на одржување на тренинзи пред дуелот со Венецуела од четвртфиналето на Копа Америка.

Не се знае дали Меси и другарите ги облекоа дресовите, но секако си ги понесоа со себе како подарок. Вакви исти сувенири претходно добија и Уругвајците.

- Оглас -

Најнови вести