Меси го вклучи алармот во Барселона, и тоа на неколку часа до полуфиналето од Суперкупот

Барселона вечерва против Реал Сосиедад игра во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија на теренот во Мајорка. Каталонците се големи фаворити, но тренерот Роналд Куман попладнево се соочува со неочекувани проблеми.

Капитенот Лионел Меси не се појави на последната прозивка пред полуфиналето, а Роналд Куман е во дилема дали Аргентинецот ќе биде подготвен за настап. На последниот меч против Гранада, Меси беше заменет во средината на второто полувреме бидејќи не се чувствувал најдобро.

Засега останува дилемата дали Меси ќе биде во стартниот тим или Барселона ќе мора комплетно да ја менува тактиката за полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести