Меси, Хамилтон, Маркес и Надал меѓу кандидатите на спортист на годината

Најдобриот српски тенисер не се најде во потесниот избор за престижната награда „Лауреус“ која се доделува за најдобар спортист на годината.

Ѓоковиќ нема да ја брани наградата која досега ја освои четирипати вклучувајќи и во 2019 година, додека во машка конкуренција се најдоа Лионел Меси (фудбал), Рафаел Надал (тенис), Луис Хамилтон (формула 1), Марк Маркес (Мото ГП) Тајгер Вудс (голф) и Елиуд Кипчоге (атлетика).

Кај жените, меѓу кандидатките е и спортиската која ја доби оваа награда лани, Симон Бајлс, додека конкуренција ѝ се Алисон Феликс, Наоми Осака, Меган Рапино, Микаела Шифрин и Шели Ен Фрејзер-Прајс.

Наградата за најдобар тим на годината ќе заврши кај Ливерпул, односно Мерцедес петронас, рагби репрезентацијата на Јужна Африка, кошаркарската селекција на Шпанија, Торонто репторс, или пак женската фудбалска репрезентација на САД.

- Оглас -

Најнови вести