Меси и Мбапе си поигруваат со колегите како со мали деца (видео)

ПСЖ е во Јапонија, каде што се подготвува за новата сезона и треба да одигра три контролни натпревари против јапонски екипи. Загревањата ги започнаа пред неколку дена, а на еден од првите тренинзи отворени за јавноста, Меси и Мбапе приредија шоу за фановите кои беа присутни.

Комбинации во мал простор и додањава од прва, ѕвездите на францускиот шампион си поигруваа со колегите без многу напор. Во еден од нападите го посрамотија и голманот Донарума, кому Мбапе му ја остави топката на гол-линија.

https://twitter.com/RoyNemer/status/1549239785369255938

- Оглас -

Најнови вести