Меси и Роналдо добија покана да заиграат во едно друго првенство

Некогашниот играч на Барселона, Александер Хлеб, упати јавна покана до Лионел Меси и Кристијано Роналдо да се приклучат во некој од екипите кои се дел од првенството на Белорусија. Хлеб, кој е поранешен репрезентативец на Белорусија, минаната година ја заврши играчката кариера.

Според Хлеб, Меси и Роналдо треба да го следат примерот на хокеарите кои заминуваат да играат во првенствата кои не се одложени.

„Ако Меси и Роналдо сакаат, може да дојдат и да тренираат тука. Целиот свет сега го гледа само првенството на Белорусија, а со овие две големи ѕвезди тука интересот би бил многу поголем“, вели Хлеб.

Меси и Роналдо се во своите домови и се во изолација. Иако не излегуваат, двајцата редовно тренираат затоа што во нивните куќи имаат и приватни сали за вежбање, базени, па дури и фудбалски терени, така што желбата на Хлеб сигурно ќе остане неостварена.

- Оглас -

Најнови вести