Меси и Суарес не ги наместија нишаните, и во Минхен ќе се игра од нула

Ливерпул и Баерн Минхен не ги оправдаа очекувањата и епитот на дерби во првата нокаут-рунда од Лигата на шампионите. На „Енфилд“ одиграа без голови, што ги остави картите отворени за реваншот, каде што „баварците“ ќе имаат предност на домашен терен.

Во првите 45 минути се играше подинамично, неколку шанси на двете страни, кои не ги искористи Салах, а и Матип се најде во ситуација да постигне гол. Мане ја имаше можеби најубавата прилика во 85-тата минута, но Нојер беше на ниво на задачата.

Реваншот на „Алијанц арената“ е закажан за 13-ти март во 21 часот.

Ниту на „Жерлан“ не се видоа погодоци, иако се очекуваше Барселона уште во првиот дуел против Лион да го направи чекорот кон четврт-финалето. Гостите доминираа во текот на целата средба, но само пет удари од 24 обиди завршија во рамките на голот на Лопес.

Меси беше доста активен во првиот дел, но во два наврати не беше прецизен, додека обидите на Алба и Суарес во вториот дел исто така не ја затресоа мрежата на домаќинот. Сепак, Барса во реваншот на „Камп ноу“ ќе има голема предност, а ќе се игра на 13-ти март во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести