Меси идната година во Мајами може да крене уште еден шампионски пехар

Утринава во Мајами се одржа излекувањето на групите за Копа Америка која ќе се одржи идната година во САД.

Покрај десетте селекциите од Јужна Америка, на претстојното натпреварување ќе учествуваат и шест селекции од Конкакаф зоната, а титулата ќе ја брани Аргентина која ќе биде предводена од Лионел Меси.

Аргентина и Меси се во групата А заедно со Чиле, Перу и подобриот од баражот меѓу Канада и Триндад и Тобаго.

Во групата Б се Мексико, Еквадор, Венецуела и подобриот од мечот меѓу Костарика и Хондурас.
Домаќинот САД е во групата Ц заедно со Уругвај, Боливија и Панама, додека во групата Д се Бразил, Колумбија, Парагвај и Јамајка.

Копа Америка ќе се одржи од 20 јуни до 16 јули, а натпреварите ќе се играат во Лас Вегас, Арлингтон, Шарлот, Орландо, Мајами, Санта Клара, Атланта, Источен Ратерфорд, Хјустон, Остин, Инглвуд, Глендејл и Канзас сити. Отворањето ќе биде во Атланта, а финалето ќе се игра во Мајами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести