Меси има најмногу Златни топки и прва пауза од 2005-та, а Роналдо стана апсолутен рекордер со номинации (Фото)

Интересна ситуација се случува во трката за Златната топка, или популарниот „Балон Д Ор“ признание што го доделува магазинот Франс фудбал на најдобриот играч во сезоната.

Лионел Меси за првпат од 2005 година не е меѓу номинираните 30 играчи, што значи дека не е во конкуренција за престижната награда што досега ја доби дури 7 пати со што е рекордер.

Затоа Кристијано Роналдо, кој е најголемиот ривал индивидуално на Лео Меси повторно се најде на листата со можни добитници на наградата и тоа по рекорден 18-ти пат.

Ниту еден фудбалер во историјата на играта немал толку номинации, а популарниот ЦР-7 има пет Златни топки во богатата колкеција со титули и индивидуални признанија.

Во топ-3 најсериозни кандидати за престижната награда што ќе биде доделена на 17. октомври се Карим Бензема, Кевин Де Бројне и Тибо Куртоа, а најголеми шанси има францускиот репрезентативец, по освоените титули во Лигата на шампионите и во Шпанија со Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести