Меси искешира 200.000 евра за „златно“ изненадување за Аргентинците кои станаа светски шампиони (Фото)

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, ги изненади сите членови на аргентинската репрезентација со која триумфира на Светското првенство што се одржа во Катар, им подари златни „ајфони“. Меси за изработката на 35-те мобилни телефони да бидат обложени со 24-каратно злато потроши околу 200.000 евра.

Сите златни „ајфони“ му беа испорачани изминатиот викенд, а интересно е што на секој мобилен телефон е изгравирано името на фудбалерот, бројот на дресот што го носеше на СП во Катар, како и логото на Аргентина.

„Лионел сакаше да направи нешто посебно и интересно за да го прослави најубавиот момент во кариерата. Тој стапи во контакт со извршниот директор на „Ајдезајн голд“, Бен Лајонс, со кого заедно го смислија овој потег“, пишува англискиот таблоид „Сан“.

https://twitter.com/ojobabatundeiso/status/1631223503297957892?s=20

„Лео е еден од нашите најлојални купувачи. Нè контактира пред неколку недели по финалето на СП во Катар. Ми рече дека сака да им подари посебен подарок на сите играчи и членови на репрезентацијата за да го прослават големиот успех. Не сакаше часовници како вообичаен подарок, затоа му препорачав златни „ајфон“ телефони со изгравирани имиња на фудбалерите и таа идеја му се допадна“, изјави Лајонс.

- Оглас -

Најнови вести