Меси ја знае тајната и за тоа како треба да се игра кога нема публика на трибините

За две недели треба да продолжи првенството во Шпанија, а најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, е свесен дека ситуацијата нема да биде како претходно. Секако дека најголема разлика ќе биде тоа што на трибините нема да има навивачи, а Меси се сеќава дека неодамна со Барселона играше на празниот „Камп ноу“ против Лас Палмас, кога во градот имаше протести, па од безбедносни причини тој меч се играше без гледачи.

„Сезоната ќе заврши зад затворени врати, што носи голем предизвик. Чудно е да се подготвувате за настап пред празни трибини. На дуелот против Лас Палмас кога игравме без гледачи, навистина беше чудно чувството. Најважно од сѐ е да се задржи концентрацијата“, вели Меси, кој пред две и пол години на празниот „Камп ноу“ даде два гола во победата од 3:0.

Првенството во Шпанија треба да продолжи на 11 јуни, а најавено е дека ќе има фудбалски маратон од 32 дена во низа. Барселона е лидер на табелата со два бода повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести