Меси купи стан во Мајами за 7,3 милиони евра (Видео)

Договорот на Лионел Меси со Барселона истекува на крајот од сезоната, а потоа станува слободен играч. Неодамна, шпанските медиуми најавија дека Меси ќе остане верен на Барселона и дека ќе потпише ново договор со каталонскиот гигант, но сега ситуацијата се менува.

Аргентинскиот виртуоз купил луксузен стан во Мајами, градот од каде што доаѓа клубот на Девид Бекам, Интер Мајами. Уште пред неколку месеци постоеја шпекулации дека Бекам ќе се обиде да ги доведе Меси и Кристијано Роналдо во својот тим, а по оваа инвестиција на капитенот на Барселона, гласините стануваат уште позасилени.

Ова е втор стан што го купува Меси во Мајами. Пред две години купи стан во Порше Дизајн кулата за сума од 5 милиони евра, а сега инвестицијата му е уште поголема и изнесува 7,3 милиони евра за новиот стан во зградата Сани Ислес бич. Новиот стан има четири спални соби, четри купатила и поглед на океанот. Има и фрижидер за вино во кои може да има 1.000 флаши. Има и базени, спа и фитнес центар, студио за јога, игротека за децата и уште многу луксузни делови.

По оваа инвестиција, јасно станува дека Меси сака во иднина да поминува поголем дел од времето во Мајами, а тоа најавува и преселба во тимот на Интер Мајами.

 

- Оглас -

Најнови вести