Меси не можеше веќе да ги трпи сите стартови: Престани да ме удираш идиоту!

Лионел Меси одигра едно полувреме во дуелот против Химнастик Тарагона во првиот подготвителен меч пред стартот на новата сезона за Барселона. Аргентинецот со капитенската лента на раката покажа дека тој и сезонава ќе биде предводник на теренот. Каталонскиот гигант победи со 3:1 против третолигашот, а Меси не даде гол, но имаше еден потег кој беше за анализа и на телевизија.

Најдобриот играч на Барселона во еден момент му се налути на противничкиот играч Хавиер Рибељес, кој беше задолжен за да го чува Меси. По еден дуел на овие двајца, Меси доби фаул, а потоа нервозно викаше „Што правиш идиоту! Ќе престанеш ли да ме удираш цело време“.

Токму Рибељес беше гостин на една телевизиска емисија во Шпанија за да ја објасни целата ситуација. „Немаше друг начин како да го сопрам. Знам дека не можам да му ја одземам топката, се обидов на сите начини. Во еден момент Меси застана и ми рече „Ќе престанеш ли да ме удираш идиоту“. Му одговорив дека тој е најдобар и не смеам да го пуштам“, ја објасни целата ситуација играчот на Химнастик, кој директно беше вклучен во овој необичен инцидент.

 

Рибељас откри дека по мечот побарал да го смени дресот на Антоан Гриезман, а Французинот бил многу културен и учтив, па без проблем го заменил дресот со фудбалерот од третолигашот Химнастик Тарагона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести