Меси не верува дека Аргентина е главен фаворит на СП

Капитенот на светскиот шампион Аргентина, Лионел Меси, ги наброја фаворитите за освојување на претстојното Светско првенство, а во интервјуто со ТВ-водителот Хоакин Алварез, Лео призна дека Гаучосите можеби не се во најдобра форма во споредба со нивната конкуренција.

„Мора да разбереме дека има други фаворити кои се во подобра форма. Франција повторно изгледа доста силно и има многу играчи од врвно ниво. Исто така и Шпанија и Бразил, кои секогаш се меѓу претендентите, иако во последно време Бразил не е во најдобра форма. Германија, Англија, големите сили. Мислам дека Португалија исто така има многу конкурентен состав. Овој аргентински тим секогаш дава сè од себе, постојано го прави тоа откако се собра оваа група“, рече Меси на кого овој летово ќе му биде шести и последен Мундијал во кариерата.

Меси зборуваше и за својот личен карактер, признавајќи дека не знае да губи, дури ни во натпреварите со своите деца. Во врска со својата иднина, 38-годишниот фудбалер (идниот месец ќе наполни 39) рече дека не е загрижен за приближувањето кон 40-тата година, сè додека се чувствува физички здраво и продолжува да го прави она што го сака.

- Оглас -

Најнови вести