Меси не верува дека Сити може да ја освои ЛШ, сака да игра заедно со Нејмар

Шпански медиум објави дека Лионел Меси, суперѕвездата на Барселона, претпочита да премине во ПСЖ отколку во Манчестер сити, а причината е што Аргентинецот не верува дека со англискиот тим може да ја освои Лигата на шампионите.

Меси од 2015 година ја нема освоено ЛШ, а тогаш во Барселона играше Нејмар, кој сега е во ПСЖ, па Меси смета дека тоа е добитна комбинација и ако одлучи да ја напушти Каталонија, речиси сигурно негова следна дестинација ќе биде Градот на Светлината, а не англискиот град кој е познат по фабриките за текстил.

Во Барселона наскоро ќе има претседателски избори, ретко кој од кандидатите сака да се откаже од услугите на Меси, но ако Лео не добие гаранции дека ќе го добие тоа што го сака (да нема кратење на платата и да се направи тим кој може да ја освои Европа), најверојатно ќе си замине.

ПСЖ во минатата сезона дојде до финалето на ЛШ, а сега во осминафиналето за противник ја има Барселона, па Меси во живо ќе има прилика да се запознае подобро со можностите на тој тим. Ако Барса ги елиминира Светците, можеби Меси и ќе се премисли.

Интересно е што и во Реал Мадрид навиваат за трансфер на Меси во ПСЖ. Не само затоа што веќе нема да им биде директен ривал, туку и бидејќи со Меси во ПСЖ, финансиски неодржливо би било за клубот да плаќа три екстра скапи играчи, па ПСЖ би прифатил преговори за продажба на Килијан Мбапе. Сонот на Реал е да го купи Мбапе, а и во Реал во 2021 има избори, па можни се и неочекувани трансфери.

- Оглас -

Најнови вести