Меси нема да игра против Еибар, причината не е повреда

Лионел Меси утре нема да ја води Барселона на гостувањето кај Еибар во последното коло од Ла Лига, по што капитенот доби дозвола од клубот порано да замине на одмор и да се чува за претстојното континентално натпреварување Копа Америка.

Овој меч ќе биде само формалност за двете екипи, па затоа Меси и не мора да се троши бидејќи веќе си ја обезбеди титулата најдобар стрелец во Шпанија со 30 погодоци. Претходно на заслужен одмор замина и младиот Педри, единствениот играч на Каталонците кој сезонава настапи во сите 37 првенствени натпревари.

Одлуката на Меси да не игра во последниот меч на Барса во сезоната го остави во неизвесност прашањето дали Аргентинецот ќе ја обнови соработката и ќе остане на „Камп ноу“. Како што засега стојат работите, поразот од Селта му беше последен настап на Меси во дресот на Барселона, барем за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести