Меси од Росарио, а Кристијано од Дубаи упатија божиќна честитка (Фото)

Кратката пауза во фудбалските првенства најголемите ѕвезди ја искористија да отпатуваат далеку и во кругот на семејството да ги прослават божиќните празници.

Лионел Меси веднаш по мечот со Вилјареал, се качи во авион и со семејството замина во родната Аргентина, па од Росарио испрати фоточеститка до своите фанови. Традиционално, Меси, Антонела и трите сина облечени во црвено се сликаа покрај елка, тука е и Дедо Мраз. Меси во Барселона треба да се врати задутре, на 29-ти имаат натпревар со Еибар.

Јувентус на 3 јануари го игра следниот меч, па Кристијано Роналдо има малку повеќе време за опуштање со својата партнерка Георгина и четирите деца. Тие се во Дубаи, празникот ќе го минат во топлите краишта, а на сите им посакаа љубов, здравје и среќа. Кристијано е еден од ретките играчи на Јуве кои ја напуштија Италија и заминаа во земја во која нема многу рестрикции.

Ако покаже негативен тест на корона-вирус, Роналдо нема да мора да оди во изолација по враќањето во Италија, и со тоа фудбалерот е повластен, бидејќи за сите други кои ќе влезат во Италија од 21 декември до 6 јануари, мора да одат во карантин.

 

- Оглас -

Најнови вести