Меси почна со тренинзи и се повреди

Алармот се вклучи во Барселона, Лионел Меси денес претрпе повреда на листот од десната нога. Аргентинецот утрово им се приклучи на соиграчите на подготовките и веднаш се здоби со повреда која може да му го загрози стартот на новата сезона.

Меси нема да патува со остатокот од тимот на турнејата во САД, ќе остане во тренинг комплексот на шпанскиот првак каде што ќе работи на брзо закрепнување од оваа непланирана и непосакувана повреда. Во зависност од времетраењето на рехабилитацијата, ќе биде познато кога Меси ќе може да се врати на терените и дали ќе ја предводи Барса уште во првото коло од Ла Лига.

Шпанското првенство стартува на 16 август, а токму Каталонците ќе ја отворат сезоната со гостување на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести