Лионел Меси веќе поведе во трката за „златната копачка“

Лионел Меси со голот кој го постигна синоќа против Хетафе, изби на прво место според бројот на поени во трката за „златна копачка“ за прв стрелец во Европа.Според формата во која што игра во Шпанија, фудбалерот на Барселона е главен кандидат за признанието кое го освои и во минатата сезона.

Меси има веќе 16 гола сезонава и тоа помножено со два колку што вреди шпанската лига, дава бројка од 32 поени. Со овие 32 поени, тој зад себе го остави досегашниот лидер Лилиу од естонски Каљу. Бразилецот Лилиу даде 31 гол, но головите во естонската лига се бројат еднаш, па тој останува со 31 поени, бидејќи првенството е одамна завршено. Трети е Паулињо од шведски Хакен со 30 поени (20 гола по коефициент 1,5).

Меси има веќе пет златни копачки во кариерата, со што е рекордер, а атакува и на шестата, и се чини дека само повреда и долго отсуство би го спречило во намерата.

- Оглас -

Најнови вести